Шест руски воени авиони Ту-22М3 извршија напади врз позиции на Исламска држава во источна Сирија, соопшти руското Министерство за одбрана.
Руските авиони полетале од база во Русија и летале над Ирак и Иран за да изведат напади во околината на сирискиот град Деир ал Зур, каде ИД има командно место и магацини со оружје и муниција на екстремистите.
Потврдено е дека сите обележени мети се уништени, а авионите се вратиле во базата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.