Германија е најпозитивната и најпопуларна држава во светот според резултатите во анкетата на „Би-Би-Си“.
Анкетирани биле над 26 илјади луѓе од разни земји низ светот кои требале да рангираат 16 земји и ЕУ, давајќи главно позитивно или негативно мислење за нивната надворешна политика, економијата и однесувањето во меѓународната заедница.
По пребројаните гласови, Германија добила 59 отсто позитивни мислења и само 15 отсто негативни, поправајќи го својот општ впечаток во споредба со минатата година. На последното место и годинава е пласиран Иран со спротивни дури 59 отсто негативни и само 15 отсто позитивни мислења. Заедно со Иран, на дното на листата е и Пакистан, кој е пред Иран само затоа што има помалку негативни мислења.
Второто место го зазема Канада, потоа Велика Британија, најмногу поради убавиот впечаток за Олимписките iгри во Лондон, а четврта е Јапонија, која минатата година беше прва. Како петtа е рангирана Франција.
Европската uнија е на високото шесто место како целина добивајќи 49 отсто позитивно мислење, што укажува на повисокото мислење што за ЕУ го има светот, отколку во делови од Европа. Сепак, 24 отсто од анкетираните имаат негативно мислење за Унијата.
САД се на осмото место, со 45 отсто позитивни и 34 отсто негативни мислења. Кон дното е Израел, кој има 52 отсто негативни и 21 отсто позитивни мислења.
Според истражувањето, Германија и понатаму ужива висок рејтинг и почит во Европа и меѓу партнерите во ЕУ и покрај впечатокот дека сите ја обвинуваат оваа земја и нејзината канцеларка Ангела Меркел за „суровите и остри“ мерки на кои инсистира за да се средат внатрешните долгови во зоната на еврото.
Од гласачите во Шпанија, која би требало да биде погодена од острата германска финансиска политика, Германија има добиено 68 отсто позотивни мислења.
Во Велика Британија 78 отсто од луѓето позитивно гледаат на денешна Германија, а тој однос во Франција е уште поголем и изнесува дури 81 отсто.
Грците веројатно поради германофобијата за острите мерки за штедење и кратење на буџетските трошоци на кои инсистира Берлин, 52 отсто дале негативни мислења за Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст