Европската куќа на фудбалот УЕФА во пресрет на финалето од Лигата на шампионите кое ќе се одигра на Вембли, одржа седница со цел да ги одреди домаќините на финалињата за најголемите европски натпреварувања во 2015 година.
За домаќин на Лигата на шампионите е избран градот Берлин, а за Лигата на Европа Варшава.
Берлин ќе биде четврти град во Германија кое ја добива организацијата по Штутгарт, Минхен и Гелзенкирхен.
Стадионот во Берлин е изграден далечната 1936, но е реновиран во 2004 за потребите на светското првенство одржано во Германија и има капацитет од 74.064 гледачи.
Стадионот во Варшава е изграден за потребите на европското првенство играно во Полска и Украина и е со капацитет од 56.826 седишта и е еден од најубавите стадиони во Европа.
Следната година домаќини на финалињата ќе бидат Лисабон и Торино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.