Принцот Вилијам и неговото семејство се најверојатно најдобриот пример за луѓе со сина крв, бидејќи долго време беа посветени на хуманитарна работа и добротворни акции.
Затоа принцот Вилијам по десетина година пилотирање со хеликоптер, најпрво за Армијата и тоа во воени мисии во Авганистан, а подоцна и за итната медицинска служба, конечно се враќа во Лондон како вистински благородник со цел да преземе повеќе одговорности во палатата на неговата баба кралицата Елизабета Втора.
Со семејството, војвотката Кејт и нивните две деца принцот Џорџ и принцезата Шарлот, ќе се пресели во Лондон и таму ќе продолжи образованието на децата. Вилијам ќе престане да лета во јули кога му истекува договорот и на медиумите им посочи дека тие искуства ќе му бидат драгоцени, бидејќи научил многу, а имал огромна почит за луѓето со кои служел во армијата и медицинската служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


