Обвинителството во Турција издаде налози за апсење на повеќе од 400 луѓе.
Се работи за војници и припадници на обезбедување во 48 провинции ширум Турција, поради сомнеж дека се вмешани во обидот за пуч во јули лани.
Тие се товарат дека користеле „Билок“ – кодирана смартфон апликација за размена на пораки, за која турската војска тврди дека ја употребува мрежата на исламскиот имам Фетулах Ѓулен. Него Анкара го смета за одговорен за организирање на државниот удар.
Во Турција досега се уапсени над 40.000 лица, на кои моментно им се суди, а суспендирани или отпуштени од работа се повеќе од 100.000 вработени во војската, судството и јавните служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст