| четврток, 6 декември 2018 |

По скоро еден месец: Нови измени со билетот за ЈСП

Граѓаните наместо да ги надополнуваат билетите за возење во ЈСП и во приватните автобуси во билетарите, ги фрлале, односно ги користеле само за еднa употреба.

Поради тоа ЈСП и приватните автобуски превозници одлучиле да ја сопрат продажбата на електронски картички.

Од 1 февруари ќе има само билети за 2 возење со цел граѓаните да ги користат и понатаму и да не чекаат да платат во автобус или да купат нова картичка.

На патниците на располагање им се различни комбинации на билети за неперсонализираните електронски картички, од ставање на одредена сума која се троши како кредит со секое возење, дневни или часовни билети за повеќе правци, комбинирани билети за ЈСП и жичницата на Водно, до билети со 10 возења за градски линии кои чинат 250 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top