| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски им честиташе на ракометарите и на Червар: Дадоа максимум, солидно се претставија и себе и Македонија!

Честитки за настапите на светското првенство на нашите ракометари и честитки до селекторот Лино Червар, напиша на својот Твитер профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Screenshot

-Честитки за настапите на светското првенство на нашите ракометари. Дадоа максимум, солидно се претставија и себе и Македонија! Честитки за Червар, одличен стратег и мотиватор под чие мудро и храбро раководење настапува овој подмладен тим, кој има одлична перспектива!, напиша Груевски.

Screenshot11

Македонската машка ракометна репреентација во осминафиналниот меч беше поразена од Норвешка со 24-34.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top