Фенерџијата Свонси приреди вистинско изненадување на првиот натпревар од 22. коло во Премиер лигата, славејќи со 2-3 на гостувањето против Ливерпул на „Енфилд роуд“.
Јирген Клоп и „црвените“ добија вистинска шлаканица од последнопласираниот тим во лигата, не успевајќи и во трет едноподруго натпревар да стигнат до победа.
Љоренте со двата гола во 48. и во 52. минута приреди вистински шок за домашните фудбалери носејќи предност од 0-2. Но, по сето тоа „црвените“ успеаја да се вратат во игра, и со погодоците на Фирмино во 55. и во 69. минута стигнаа до израмнување.
Кога се чинеше дека ќе следи завршен удар на домашните, следеше нов шок од Свонси кој дојде до 2-3 со голот на Сигурдсон.
All Goals & highlights – Liverpool 2-3 Swansea… by mohtv
По овој пораз, Ливерпул остана на третата позиција со 45 бода и е се подалеку од борбата за титулата бидејќи водечкиот Челси има седум бодови предност и натпревар помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.