| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да вечераат заедно со Трамп: Kaде заминаа Барак и Мишел?

На свечената вечера по повод инаугурацијата на новиот американски претседател  на која покрај бројното семејство на Трамп ќе присуствуваат бројни гости од политичкиот живот и пријатели на семејството на новиот претседател на САД   нема да присуствува Барак и неговата сопруга Мишел Обама.

Доналд Трамп  и неговата сопруга Меланија ги испратија Барак и Мишел до хеликоптер , кој ги однесе до базата  Ендруз во Мериленд од каде тие ќе заминат  на одмор во Калифорнија.

Затоа пак на вечерата ќе присуствува противкандидатот на Трамп во претседателските избори Хилари Клинтон со сопругот Бил. На свечента вечера присуствуваат и членовите на Конгресот, Врховниот суд и одредени членови на кабинетот на Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top