| четврток, 6 декември 2018 |

Надлежните апелираат картичката на ЈСП да не се фрла: Билет за јавен превоз со 5 возења гратис до февруари

Од први февруари  сегашните електронски билетите од 150 денари со пет гратис возења ќе се купуваат по иста цена но ќе имаат  две возења. Од ЈСП потврдуваат дека периодов има голема побарувачка за електринските картички. По три пати во денот се ври достава и се користат сите капацитети за да се одговори на потребите.

-Количините кои беа на залиха и предвидени за месец јануари беа потрошени за пет дена. ЈСП со целиот свој  капацитет работи да ја сиполни побарувачката и да одржи континуитет на наплата. Доставата се врши во три смени. Досега вкупно се издадени околу 155000 персонализирано и над 180000 неперсонализирани картичќки, се вели во дописот на ЈСП Скопје.

Само кога првиот пат се купува картичката се плаќаат 150 денари. Кога целосно ќе се искористи граѓаните ја надоплнуваат со колку сакаа возења и тоа само во билетарниците. Може да се плаќа и со мобилен телефон.

Така цената за едно возење чини 40 денари, а на вечерниот билет  50 денари. За повозрасните овој начин на плаќање е сложен.

Новиот систем за наплата во автобусите се воведе на почетокот на годинава.

Валидаторот врши селекција при наплатата на билетот

Во врска со тоа по кој редослед валидаторот ги одзема билетите, од ЈСП појаснуваат дека тој прави селекцијата на наплатата, односно најпрвин ги одбива гратисите, па временските билети и на крајот одзема пари од електронскиот паричник.

– Истото е и со ноќните билети кога валидаторот првин распознава дали на картичката има месечен билет за ноќно возење. Доколку нема, одзема средства од електронскиот паричник – објаснуваат од ЈСП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top