Во американските медиуми се појави јавен отворен повик/оглас за ангажман на луѓе кои ќе бидат платени доколку протестираат против Доналд Трамп. Во огласот понуден од страна на организацијата „Деманд Протест“ се нудат месечна надокнада од 2.500 долари покрај надомест од 50 долари на час и други привилегии во зависност од улогата на платениот протестирач на протестите против Трамп.
„Деманд Протест“, за разлика од луѓето кои во Македонија го правеа истото за време на т.н. шарена платеничка револуција, не крие туку јавно признава дека се занимава со мобилизирање и заведување група на млади луѓе преку плаќање и индоктринација/пропаганда за да протестираат за одредена туѓа цел.
Нарачателите на различни форми на протест или демонстрации, дури и насилни, можат да се обратат до „Деманд Протест“, за да им мобилизираат група на млади луѓе несвесни за она во што влегуваат – протест платен со силни пари за организаторите, базиран на медиумско бомбардирање со пропаганда од лажни вести. На многу сличен, речиси ист начин делува и Канвас на Срџа Поповиќ, а и „Канвас“ и „Деманд Протест“ се организации многу тесно поврзани со исти центри, од кои еден од поголемите е Сорос.
На својот веб-сајт во шокантното признание за начинот на делување на „Деманд Протест“ стои:
„Наш врвен приоритет е да спречиме било каква поврзаност со нарачателот на протестот. Нашите оперативци контактираат само со нас и имаме докажано низ минатото дека ја зачувуваме тајноста на нарачателот“.
Оваа група која деновиве ангажира протестирачи против Трамп за себе вели дека е збирштина на „стратези кои мобилизираат млади луѓе низ светот, креирајќи убедливи сценарија кои стануваат појдовни точки врз кои се прават масовни движења.
Нешто слично имавме и во Македонија во вид на платеничката т.н. „шарена револуција“ на СДСМ/Сорос.
Но, американските случувања од периодов докажуваат нешто што повеќето луѓе и досега го знаеа – шарените платеници на СДСМ не се никаква авнагарда ниту се одликуваат со посебна инвентивност, туку делуваат по класична однапред утврдена шема која е повторена и се случува и во моментов во десетици земји во светот.
„No justice no peace“ (Нема правда, нема мир) е слоган кој е користен и порано во САД, но и токму сега на последните насилни протести на Сорос против новиот американски претседател.
А токму за инаугурацијата на Трамп, најавено е дека десетици илјади протестирачи се организираат да демонстрираат низ Вашингтон во близина на местото на кое Трамп ќе ја положи заклетвата. Групите кои ќе протестираат се поддржани и платени од Џорџ Сорос, кој не само што ја поддржуваше Хилари Клинтон, туку и влезе во отворена војна со Трамп по неговиот избор.
Една од најгласните групи „Дисрапт Ј20“ вели дека очекува повеќе од 30.000 луѓе да се појават на протестниот настан за кој соросовите невладини имаат организирано и големи бини со звучни ѕидови кои ќе треба да пречат за време на инаугурацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Експлозивна направа пронајдена во близина на домот на Сорос
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени