Една студија спроведена на 1.000 француски испитаници покажала дека консумацијата на повеќе од четири сендвичи со сувомесни производи неделно, може да биде опасна по вашето здравје, особено за оние кои страдаат од астма. Научниците веруваат дека премногу сувомесни производи во исхраната може да имаат опасно дејство врз астматичарите поради адитивот натриум нитрит кој се користи за конзервирање на производите добиени со преработка на месото.
Натриум нитритот прави сувомесните производи да ја задржат црвената боја, а познато е дека неговата голема количина во организмот може да го попречи транспортот на кислород во крвта и клетките. Нивната консумација го отежнува нормалното функционирање на патиштата за дишење, но научниците велат дека е потребно да се спроведат дополнителни истражувања пред да се донесат конечни заклучоци, а во меѓувреме советуваат да се консумира здрава храна и разновидни намирници, како и медитеранска храна.
Француските научниците ги следеле навиките на испитаниците во нивната исхрана од 2003 до 2013 година. Половина од испитаниците боледувале од астма, а кај останатите не била забележана таква состојба. Студијата се фокусирала на врската помеѓу симптомите на астма – чувството на недостаток на воздух со и без појава на гласно и звучно дишење, притисок во градната коска со чувство на подуеност во белите дробови, напад на сува кашлица – и консумирањето на две парчиња сланина, еден колбас и две парчиња салама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.