| четврток, 6 декември 2018 |

Тито ја направи најпозната пејачка во цела Југославија – таа денес раскажува како се случило тоа

Снежана Ѓуриќ го запознала Јосип Броз Тито кога имала само 12 години. Некогашниот претседател на Југославија толку бил воодушевен од талентот што и ја исполнил желбата и ја испратил во Белград на школување.

Snezana-Djurisic-u-crnom-odelu-ESTRADAnje

– Настапував на фестивалот Белградска пролет, тоа беше во мај 1971 година, тогаш имав само 12 години. Ја пеев песната „Роденденска торта“ и тоа беше вистинска сензација. Во весниците со денови се пишуваше за тоа. После тоа добив повик од Тито да дојдам во Белиот двор на 25. мај, на неговиот роденден, раскажува Снежана и додала дека тогаш била почестена од поканата.

– Немаше посреќно дете од мене. Тито беше расположен, се и сешто ме прашуваше, каде ми работат родителите, што сакам да бидам кога ќе пораснам. Му реков дека одам во нижото музичко училиште и дека силно сакам да го продолжам своето музичко школување, но дека во Кралјево нема средно музичко училиште. Му објаснив дека мојот татко кој работеше тогаш како воено лице барал преместување во Белград и тоа неколку пати, но војската не му дала дозвола. Додека му го раскажував тоа, дури и почнав да плачам, тој се сожали, ме бакна во коса и ми рече да не се грижам. Веќе во септември татко ми доби преместување за во Белград. Неговите старешини ни рекоа дека Тито лично тоа го наредил. Така јас, благодарение на Тито успеав да запишам средно музичко училиште во Белград и многу сум му благодарна поради тоа што го направи за мене и моето семјство, рекла пејачката за српски Курир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top