| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во хрватското Собрание: Пренар јадел јаболко, па на сила го изнеле од салата

127222_pernar_f

Обезбедувањето во хрватското Собрание денес на сила го изнеле пратениците на опозициската партија Жив Ѕид, Иван Пренар и Иван Синчиќ затоа што двајцата ја попречувале работата на Парламентот. Тие биле исфрлени по барање на потпретседателот на Собранието Жељко Рајнер, откако Пренар на неколку пати ја прекинувал расправата за време на излагањето на Синчиќ.

Потпретседателот Рајнер веќе еднаш го опоменал Пренар да не јаде јаболко во салата, а ситуацијата кулминирала кога друг пратеник почнал да му дофрла додека на говорницата бил Синчиќ.

300 000

-Престанете да дофрлате од клупата. Доста беше и со тие јаболки, го опоменал потпретседателот Рајнер, а откако неговите предупредувања не биле испочитувани, тој го замолил пратеникот на Жив Ѕид да ја напушти просторијата доброволно доколку не сака обезбедувањето да го отстрани од собраниската сала.

Пренар му одвратил дека сигурно нема сам да ја напушти салата, по што службата интервенирала, а освен Пренар го исфрлиле и Синчиќ.

400 000

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top