Зимно време имунитетот најмногу слабее и поподложен е на вируси и настинки. Трикот кој доаѓа од Русија помага моментално да го зајакнете имунитетот, но не е баш така пријатен.
Имено, сигурно и претходно сте гледале Руси како се капат во ледени езера и реки и сте се прашувале зошто тоа некој воопшто би го правел.
Нормално, не предложуваме ваков вид на екстремизам, но Сергеј Бубновски, московскиот професот одамна говори за предностите на ледената купка.
Кога ќе дојдете дома потопете ги нозете во ледена вода половина минута, и според неговите зборови, ќе го препородите имунолошкиот систем. Поентата е да сипете во лавор ледена вода и да додадете во неа коцки мраз. Најпрвин ставете ги нозете на само петнаесет секунди, а иако ќе биде силно непријано, зголемувајте го постепено времето, се додека на стигнете до триесетина секунди.
За приказната да биде уште поинтересна ова го провериле и британските научници од Институтот за истражување на тромбоза и дошле до заклучок дека ваквиот вид на ледена купка го забрзува метаболизмот во обид тој да го загрее телото и го активира имунолошкиот систем.
Постапката повторувајте ја секојдневно, вашиот имунитет ќе биде на максимум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.