| четврток, 6 декември 2018 |

Со последната наредба Обама укина стогодишен договор меѓу Србија и САД

Претседателот во заминување на САД Барак Обама го даде во Сенатот за ратификација Договорот за екстрадиција меѓу САД и Србија потпишан на 15 август 2016 година, соопшти Белата куќа.

Овој договор, како што наведува Обама во пораката до Сенатот, треба да го замени договорот меѓу САД и Кралството Србија за заемно врачување бегалци, потпишан на 25 откомври 1901 година.

Новиот договор, како што е објаснето, ја следи формата и содржината на другите договори за екстрадиција потпишани во поново време.

„Со него е предвидено листата на кривични дела за кои е предвидена екстрадиција да биде заменета со модерниот дуален кривичен прстап, кој ќе овозможи екстрадиција за перење пари, сајбер криминал и други нови кривични дела кои не се на списокот на Договорот од 1901 година“, наведува американскиот претседател во образложението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top