| четврток, 6 декември 2018 |

Укината забраната за камиони на патот Маврово – Дебар

sneg pat

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива отежнато по влажни коловози со остатоци од кашест снег.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопшти дека од 10 часот е укината забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top