| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска ќе здивнеме: Претежно сончево во целата земја

Облачно и студено време со сончеви периоди, особено во западните делови, ќе преовладува денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервал од 0 до 4 степени.

На североисток утринава има умерена облачност, а во струмичката котлина слаба магла.

Најниска температура до 8 часот е измерена во Ѓуриште и Маврово -6 степени по што следуваат Пожаране, Куманово, Крушево и Берово со -5, Лазарополе, Крива Паланка, Скопје Петровец, Тетово и Дебар со -4, Тополчани, Скопје и  Виница со -3, Прилеп и Штип со -2, Претор, Битола и Демир Капија со -1 и Струмица и Охрид 0 степени. Температура над нулата утринава е измерена во јужните делови од државата, односно во Дојран и Гевгелија – 1 степен.

Најмногу снег има во Маврово 84 сантиметри, потоа во Лазарополе 61, Пожаране 60, Ѓуриште 48, Крушево 39, Битола 38, Тетово 37, берово 33, Скопје Петровец 25, Тополчани 24, Дебар 22, Демир Капија, Куманово, Скопје Зајчев Рид 21, Крива паланка 13, Струмица 12, Штип 9, Претор 8, Прилеп 7 и Виница 6 сантиметри.

Дожд во изминатите 24 часа врнело во Берово до 3 литри на метар кубен, во Демир Капија до 2 л/м2 и во Струмица, Крива Паланка, Штип и Гевгелија до 1 на л/м2.

Во главниот град времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 1 степен.

Управата за хидрометеролошки работи за викендот најавува стабилно време со утрински температури во опаѓање и под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Нови врнежи од снег и дожд се очекуваат од понеделник во вечерните и ноќните часови и во вторник, кои ќе бидат локални и со послаб интензитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top