
Шпанскиот гигант Реал Мадрид е во мала резултатска криза, откако беше поразен дома со 1-2 во првиот четвртфинален меч од Купот на Шпанија против Селта, а претходно Севилја ги освои трите бода во пресметката со „кралевите“ во Примера. Тоа го загрижи и стратегот Зинедин Зидан, кој не го крие фактот дека нешто не е во ред.
– Два последователни порази, нешто се случува. Одигравме два мошне чудни натпревари. Мораме што поскоро да дојдеме при свест и да ги поправиме резултатите. Не знам што се случува, но мора набрзо да откриеме и да почнеме со добри резултати – истакна Зидан.
После 17 одиграни натпревари во шпанскиот шампионат, Реал Мадрид е на чело на табелата со 40 бода, еден повеќе од второпласираната Севилја, која има одиграно натпревар повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија


