Британскиот Гардијан следејќи ги годинешните предвидувањата во интервју на берзантскиот шпекулант Џорџ Сорос, основачот и донаторот на фондацијата отворено општество, за време на светскиот економски форум во Давос, ги спореди со неговите минатогодишни предвидувања.
За потсетување, годинава фокусот на Сорос му е ставен на новиот американски претседател Доналд Трамп, за кого рече дека нема да успее; потоа дека британската премиерка Тереза Меј нема да успее, дека Брегзит ќе трае еден викенд, и дека ЕУ нема да се распадне бидејќи и е потѕребна на Русија и на Кина.
Токму за последното предвидување, Гардијан точно го споредува годинешниот со ланскиот наслов од интервјуто со Сорос.
Лани Сорос предвидува: „ЕУ е на раб на колапс“, додека годинава вели „ЕУ нема да се дезинтегрира“.
Гардијан го пренесе твитот на Пјер Брансон, политички коментатор, па вели: „Пред некој да ги помеша Касандра со Џорџ Сорос, да се потсетиме дека лани предвидуваше дека ЕУ ќе се дезинтегрира“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.