| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Радувај се Македонијо, ние одиме на пиво!

cervar

Македонија ремизираше (27-27) против Исланд и го освои третото место во групата, па во осминафиналето ќе игра против Норвешка. Селекторот Лино Червар вели дека на овој меч се покажа вистинскиот македонски карактер, иако имавме и пет гола негатива, на крајот успеавме да се вратиме. А имавме и пехови со повредите на Филип Миркуловски и на Дејан Манасков.

– Момците се заслужни за овој резултат. Беше тешко, напорно, имавме негатива, но токму во тие моменти се покажа вистинскиот македонски карактер. Им благодариме и на навивачите, на „Фалангата“ која не бодреше, и на сите Македонци кои не гледаат дома. Одете сега и напијте се едно пиво, истото ќе го сториме и ние. Имавме и многу пехови, игравме без Миркуловски и без Манасков во завршницата, но успеавме да го оствариме посакуваниот резултат“, изјави селекторот Лино Червар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top