На настан организиран од поранешните министри на Пасок -Дијамантопулу, Рагуосис и Флоридис, градоначалникот на Солун Јанис Бутарис кажа дека „се срами што е Грк кога патува во странство каде поради тоа го третираат како да е лепрозен”.
– Ајде да создадеме нова Грција. Не може да се направи нешто ново само со сос. Сите ние сме на апчиња. Мора да го заборавиме старото и да изградиме ново. Сѐ уште сме млади”, кажа Бутарис.
74-годишниот градоначалник на вториот по големина град во Грција не даде дополнително објаснување за својата помалку чудна и нејасна изјава. Новинарите на Грик рипортер ја контактирале службата на Општина Солун од каде им било кажано дека „градоначалникот на Солун, господинот Јанис Бутарис нема да дава дополнителни коментари на оваа тема”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.