| четврток, 6 декември 2018 |

Миле Кузмановски шокираше – еве што му се случило на настап

Настапите за Нова година и останатите празници за и по Божиќ се и тоа како посакувани од естрадата, но најголем проблем е ако истите се на отворено, а особено оваа година ситуацијата беше тешка со рекордно ниските температури.

Миле Кузмановски при неговото гостување во “Улица Македонија” раскажа во какви услови пеел оваа година.

-Минатата година во Крушево пеев на минус 26 степени и ќе го памтам тоа. Заборавив ракавици и микрофонот ми се залепи, ама навистина ми се залепи на рака. Дувачот не можеше да свири, му смрзна кларинетот, клавијатуристот издржа, хармоникашот свиреше едвај со прстите, но издржавме машки, раскажа Миле за екстремната ситуација на настапот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top