Дваесет годишниот Павел Давидоски од Гостивар денеска беше најсреќниот меѓу триесетината гостиварци кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на Богојавление Водици. На подарок од свешетнството од епархијата и организаторите на манифестацијата, доби крст и посребрена икона.
– Мојот трет обид се покажа како среќен и благодарена сум на Бога што ми даде сила прв да дојдам до крстот. Среќа, љубов и здравје им посакувам на сите христијани, рече Давидоски по врачувањето на подароците, на малиот мост на Вардар.
Прославата на Водици почна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“, а потоа верниците се приклучија на литијата која по богослужбата, тргна по градските улици до кејот на Вардар. Од таму митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф го изврши чинот на осветување и го положи светиот крст во реката.
Богојавление во Гостивар се слави со положување на крстот во реката Вардар третпат, откако беше вознобновена традицијата по повеќе од седум децении пауза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.