Најсреќниот Дарио Вренцоски го пронајде светиот крст во осветените води на базенот во Кичево.
Чествувањето на Богојавление Водици во Кичево денеска почна со утрена богослужба и света божествена литургија на свештениците од храмот „Св. апостоли Петар и Павле“, на која присуствуваа голем број верници.
По литургијата беше осветена вода во црквата, од која верниците си зедоа за во своите домови.
Литијата од храмот „Св. ап. Петар и Павле“ тргна во 10 часот, по што се изврши осветување на водите во базенот од страна на свештенството и беше положен крстот.
Ден претходно, базенот во поранешниот Дом на АРМ беше подготвен за денешното полагање на крстот.
Како и претходните години, и годинава бројот на доброволни верници кои скокнаа по крстот беше доста голем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.