| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Цветковски го фати крстот во Пехчево

Најсреќен од десетината млади момчиња кои скокнаа по светиот крст во реката Писа во центарот на Пехчево беше 24-годишниот Дејан Цветковски. Тој вторпат го фаќа крстот на традиционалното осветување на водите на реката Писа.

Цветковски на сите православни христијани им го честиташе празникот Богојавление и посака многу среќа, радост и здравје. Од  Општина Пехчево доби ЛЦД телевизор што како награда традиционално го доделува Општината.

– Ја користам оваа прилика да им посакам на сите православни верници многу здравје, среќа и успех во животот. На Дејан му посакувам светиот крст да му донесе многу лични успеси на него и на неговото семејство, истакна градоначалникот Игор Поповски.

На церемонијата претходеше водосвет во црквата „Св. Петар и Павле“ каде голем број верници беа присутни на свечената Богојавленска литургија. За многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува сѐ помасовна. Општина Пехчево и годинава обезбеди топли пијалоци за сите присутни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top