Дваесетгодишниот Стефан Петровски од кривопаланечкото село Мождивњак е среќникот кој го извади крстот од водите на Крва Река.
– Петти пат се фрлам по крстот и пресреќен сум што успеав да го извадам од водите на Крива Река. Верувам дека ќе ми донесе среќа, бериќет, здравје, рече Петровски.
Годинава четириесетмина се пријавија и се фрлија по крстот, а најсреќен беше Петровски, кој од локалната самоуправа на општина Крива Паланка доби награда, машина за перење.
Чествувањето на Богојавление – Водици во Крива Паланка започна со света божествена литургија на свештениците од Кривопаланечкто архиерејско намесништво во соборниот храм „Свети Димитриј“, на која присуствуваа голем број верници.
По литургијата беше осветена вода во дворот на црквата и верниците си понесоа вода во своите домови, а по чинот во црквата се даваше и света причест.
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, денеска во Крива Паланка се одржи манифестацијата „Пивтијада 2017“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.