| четврток, 6 декември 2018 |

Виктор Петковски го фати Светиот крст во Куманово

Виктор Петковски (22) е кумановецот кој го фати Светиот крст во базенот на Соборниот храм Свети Никола во Куманово.

Петковски скока по крстот седум пати. Пред две години имал среќа да го фати.

– За сите христијани очекувам здравје, среќа и благослов. Ова ми е седми пат, на петти пат го фатив тука, сега повторно. На младите им порачувам да се охрабрат, времето не е ладно, Господ дава топлина, изјави Петковски.

Од свештеништвото на Соборниот храм доби икона и свет крст, како и накит од кумановската златара.

Во Соборниот храм „Свети Никола“ претходно се одржа и света божествена литургија по повод празникот Богојавление Водици со која чиноначалствуваше митрополитот на кумановско-осговската епархија г. Јосиф. Верниците присуствуваа на литургија, дел од нив пресекоа славски колач, си зедоа осветена вода, се помолија за здравје, мир и благосостојба.

И во останатите цркви во Куманово се фрлаше светиот крст. Во храмот света Тројца во Куманово чествувањето на Водици почна со света божествена литургија на која присуствуваа голем број верници. По литургијата и оветување на водата во дворот на црквата, беше фрлен светиот крст, а среќникот кој го фати беше триесетгодишниот Ненад Тодоровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top