-Славејќи го Богојавление и нашата верба во Бога, го следиме Христовото учење за мирен, спокоен и богоугоден живот, за трпение и милосрдие, за чиста и искрена мисла. Таа верба во Бога со векови била нашата најголема и најзначајна сила за соочување со сите предизвици и за победи при сите искушенија, носејќи ни успеси, напредок и просперитет. Вредностите кои ги носи овој празник да ни помогнат да продолжиме да работиме за доброто на сите граѓани на нашата земја, за подобрување на економијата, за унапредување на стандардот на населението, за создавање на услови за раст и развој во секоја општествена сфера и изградба на напредна Република Македонија, стои во честитката.
Токму затоа, додава Димитриев, и оваа година, прославувајќи го овој голем празник, да се помолиме на Бога да ги освети нашите реки и езера, да ги благослови нашите граѓани и нашата држава, дарувајќи ни здравје, среќа и благодет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.