| четврток, 6 декември 2018 |

Десетте строги правила кои кралските дадилки не смеат да ги прекршат!

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот секогаш се во сигурни раце затоа што за нив 24 часа се грижат најдобрите дадилки. Дури постојат и посебни училишта за кралските дадилки во кои се учат строги правила за оваа многу одговорна работа. Во продолжение прочитајте ги првите 10 правила и должности кои кралските дадилки мораат да ги знаат, да се придржуваат до нив и да ги извршуваат.

5-46

1. Мора да знае на неколку начини да стави пелена. Во кралското семејство не е обичај да се користат еднократни пелени поради што дадилката и пред да ја добие работата мора да знае на неколку начини да ја намести пелената за во секој момент на детето му биде удобно.
2. Детската игротека мора постојано да биде уредна
3. Мора да знае да се одбрани од сите. Сигурноста на детето е на прво место, а со тоа дадилката мора да знае како да го заштити детето од папараци и од други сакани и несакани напаѓачи
4. Мора да знае брзо да вози
5. Мора да знае одлично да плива
6. Смее да носи минимална количина на шминка
7. Дозволено и е да носи само дискретни модни додатоци
8. Мора да биде доволно силна за да може да управува со количка тешка преку 30 килограми
9. Мора да внимава детето да се храни здраво
10. Мора да биде подготвена да го смири расплаканото дете во било кое време од денот или ноќта.

2-55

8-32

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top