Половина час по силниот земјотрес кој ја потресе централна Италија, со епицентар во близина на Л’Аквила, на длабочина од 10 километри, на истото подрачје е почувствуван уште еден семјотрес, посилен, од 5.7 степени.
Епицентарот е во близина на Аматриче, еден од градовите што беа опустошени од земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтер, на 24 август, кога загинаа 300 лица.
Засега нема податоци за жртви или штети од денешниот потрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.