Централната станица во српската престолнина е буквално преземенa од смрзнати и прегладнети мигранти.
Мигрантите, претежно од Авганистан и Пакистан, се обидуваат да се згреат. Палат огнови од што ќе го најдат.
Тие се блокирани во Србија, бидејќи Балканската рута кон Западна Европа е затворена.
Стотици мигранти чекаат за храна при ниски температури во стар магацин на железничката станица.
Волонтери им делат по едно јадење на ден на раселените луѓе кои се сместиле во областа.
-Немаме што да облечеме, немаме ќебиња, немаме подобро место за спиење, немаме бања, немаме ништо – вели мигрант од Авганистан.
Во моментов на територијата на Србија има околу 8.000 мигранти, кои не можат да го продолжат патот кон Европа. Само во Белград нивниот број е околу 2.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст