Колку и да е шармантен, секси и неодолив, ако партнерот одбива да стави кондом пред сексуален однос, најдобриот ваш избор е да му одолеете да искушението и да ја одложите интимната игра, особено ако се работи за партнер со кого не сте заедно долго време.
Еве кои се најчестите машки изговори за неупотребување на кондом, како и потенцијални одговори од ваша страна:
Вие: „Тоа не се фрлени пари. Здравјето е поважно од сè и знам и дека не сме спремни за дете. Х денари не се ништо, а така ќе ми биде помирна главата и нема секогаш да паничам кога ќе ми доцни.“
Кондомите се многу поевтини од посетите на гинеколог за лекување на инфекција или болест, а уште поевтини од растењето на бебе. Наредниот пат кога ќе бидете излезени, напијте се една пијачка помалку и ќе заштедите доволно. Ако сепак финансиите се главниот проблем, искористете ги акциите кои се организираат, а за време на кои бесплатно се делат кондоми.
Вие: „Не станува збор за доверба. Многу луѓе имаат инфекција или СПБ, а не се свесни за тоа бидејќи немаат симптоми. Освен тоа, не се работи само за болести. Бременоста исто така ме плаши.“
Ако вашиот партнер изгледа здрав, тоа не значи дека навистина не носи некоја инфекција. Кај 50% од мажите и над 70% од жените кои имаат хламидија не се појавуваат никакви симптоми и најголем дел од нив не знаат дека имаат таков проблем. Не заборавајте дека довербата не се гради со некористење на кондом. Кондомите отпаѓаат од игра дури откако ќе биде изградена силна доверба во врската. А и во тој случај, останува ризикот од несакана бременост.
Вие: „Кондомите се неопходно „зло“. И мене ми се уништува задоволството ако цело време размислувам дали ќе забременам. Со кондом ќе бидам порелаксирана и верувај дека и тебе ќе ти биде поубаво ако сум поопуштена.“
Денес постојат најразлични марки кои нудат кондоми со различни големини, дебелини, вкусови… Ако вашиот партнер се жали дека гумичката му го убива задоволството, побарајте ултра-тенки кондоми. Доколку вашиот партнер има проблем да ја одржи ерекцијата кога носи кондом, помогнете му со визуелна, рачна или орална стимулација. Бонус за мажите е што многумина со кондом издржуваат подолго и полесно можат да ја контролираат ејакулацијата, па сексуалниот однос трае подолго.
Вие: „Еднаш слатко, цел живот татко.“
Доволно е само еднаш да го прескокнете безбедниот секс за да станете родители или да добиете некоја инфекција. Не „паѓајте“ на изговорот „само еднаш и нема повеќе“.
Вие: „Ставањето на кондомот не мора да е непријатно искуство. Ќе го направиме забавно.“
За да не се чувствувате „прекинати“, чувајте кондом на дофат на рака. Додека тој го става кондомот, вие можете да потанцувате пред него, да се допирате заводливо или да го бакнувате страсно. Така нема да гледате на ставањето на кондомот како на несексапилна активност.
Вие: „И сепак, кондомите се најефективниот метод за заштита од бременост и СПБ и во најголем дел од случаите не се кинат ако се употребуваат правилно.“
Вие: „Да, но јас цело време ќе бидам напната и нема целосно да можам да му се предадам на задоволството. Освен тоа, сигурно знаеш дека може да се забремени и од предсемената течност.“
Вие: „Можеби не си навикнат. Ако ти е проблем, ќе пробаме со друга марка.“
Навистина, ако кондомот е мал, на вашиот партнер ќе му биде многу непријатно и тешко да ја одржи ерекцијата. Но, затоа денес има кондоми со различни модели и големини. Сепак, ова е машки изговор кој често не држи вода, бидејќи кондомите многу се растегнуваат.
Креативниот машки ум може да смисли најразлични изговори. Може да се случи да слушнете и:
- „Алергичен сум на кондоми“ – ова е вистина само за мал процент од мажите, другите едноставно си ја пробуваат среќата.
- „Ако ме сакаше и ми веруваше, немаше да ме принудуваш да ставам кондом.“
- „Никој од моите другари не користи, па сè е ОК“ – туѓата неодговорност не треба да ви служи како изговор и вие да се однесувате ризично.
- „Не си плодна во овој период од месецот.“
- „Свршив пред да излезам, сега е безбедно.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.