| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнувањето на едно лице на 11. септември и денес е бизарна тајна

Две згради, два авиони и илјадници мртви. Тоа се првите работи кои им паѓаат на ум на луѓето кога ќе се споене 11. септември 2001 година. Но, малку кој знае за исчезнувањето на едно лице на таа дата.

Снеха Ен Филип последен пат била видена еден ден пред терористичките напади на Светскиот трговски центар во Њујорк. Живеела во непосредна близина на кулите близначки, била лекар во блиската болница и секогаш сакала да им помага на другите. Нејзиното семејство е уверено дека загинала во рушењето на зградите и дека поради тоа нејзиното тело никогаш не е пронајдено.

Родена во Индија, порасната во Њујорк, студирала во Чикаго. Таму го запознала и идниот сопруг Рон Либерман.

На денот кога исчезнала била слободна, а безбедносните камери последен пат ја снимиле на 10 септември навечер.

Рон го пријавил нејзиното исчезнување, но таа била само една од илјадници исчезнати Американци кои веројатно загинале во терористичките напади. Рон сметал дека полицијата не му помага доволно и побарал помош од приватен детектив. Детективот, следејќи ги трагите едно време помислил дека Снеха Ен можеби го искористила хаосот и успеала да побегне и да го напушти стариот живот. Но, полицијата не пронашла доволно мотиви кои укажувале на таа можност. Подоцна Либерман и детективнот заклучиле дека Снеха им пружила помош на жртвите од нападот и дека починала кога кулите се срушле.

Истрагата на полицијата подоцна открила неколку необични факти кои фрлаат ново светло на животот на угледната и успешна лекарка. Болницата во која работела претходно и соопштила дека нема да и биде продолжен договорот поради проблеми со алкохолот. Снеха вечерта изглегла со друштво и завршила во затвор. На полицијата и рекла дека колега од работа ја допирал, но обвинителството ја отфрлило тужбата и заклучило дека таа лажно го пријавила колегата.

Ја сменила болницата во која работела, но и таму повторно имала проблеми поради алкохолот. Семејството ја обвини полицијата дека шпекулира. Следеле години поминати на суд. Судењето завршило кога жалбениот суд ја донел одлуката дека таа загинала помагајќи им на жртвите на нападите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top