Моментот кога огромното гризли одлучило да се пресмета со глутница гладни волци и да им го украде само што уловениот плен, го забележал Британецот Том Литлџоунс на американските Карпести планини во Монтана.
За да ја заштитат својата вечера, храбрите волци се обиделе да му се спротивстават на силното гризли, но не успеале да се одбранат од силните удари на неговите големи шепи, пишува „Дејли мејл“.
Волците почнале да го делат пленот, кога ги изненадил неочекуваниот посетител.
Крвавата уста на волкот не била доволна за да го заплаши гризлито.
На волците не им преостанало ништо друго, освен да побегнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.