Велемајсторот Кирил Георгиев е победник на божиќниот шаховски турнир со забрзано темпо „Карпош 2017“ во Скопје. Георгиев по деветте кола освои осум поени (седум победи и две реми партии) и заслужено се радуваше на трофејот.
Второто место му припадна на Србинот Мирослав Миљковиќ со 7,5 поени, колку што имаше и третопласираниот Ндерим Сарачи од Косово, но со послаб дополнителен критериум од Миљковиќ.
Дејан Стојановски со седум поени, колку што имаше и младиот Никола Николовски турнирот го завршија на четвртото и петтото место, како најдобро рангирани Македонци.
Најдобро рангирана шахистка беше Маја Нејковиќ-Величковски со пет поени, најуспешната македонска претставничка, Моника Стојковска со четири поени. На турнирот настапија 186 шахисти од Македонија, Србија, Косово, Бугарија и Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.