Вечерва во концертната сала „Лисински“ во Загреб, по вторпат ќе се одржи концерт во чест на Кемал Монтено, на кој неговите пријатели и колеги ќе ги пеат песните на босанската музичка легенда.
По тој повод, во хрватската престолнина пристигнаа и неговите деца, а 44-годишната Адријана Монтено вели дека е многу благодарна за оваа вечер.
– Благодарна им сум на сите кои се трудат неговите песни да живеат и денес. Тоа ме радува особено сега, две години по неговата смрт, кога и мајка ми и јас се потешко се помируваме со тоа дека тато веќе не е со нас – во емотивен разговор со хрватски „24 сата“ признава Адријана.
Таа вели дека песните на Кемал ги слуша често, а го памти и секое место каде што тој ги пишувал.
– Луѓето се уште го сакаат. Додека се возам во такси или пазарам во маркет, често ќе чујам негова песна. Ми се чини дека уште е присутен – вели ќерката на Монтено.
Kемал се женил со неговата сопруга Бранка во 1971 година и остана со неа до крај. Ги имаат ќерката Адријана и синот Џани, кои за својот татко велат дека бил родител каков што секој може само да посака.
На 21 јануари се навршуваат 2 години од смртта на Монтено, кој почина во Загреб на 67 години.
Вечерва ќе се пеат песни кои тој ги изведувал и песни кои ги напишал за други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Се роди Илина, ќерката на Сара и Димитар (ФОТО)