Двократниот освојувач на Австралија опен, Рафаел Надал со лесна победа го почна првиот тениски гранслем-турнир оваа година. Поранешниот светски рекет број 1 го елиминира Флоријан Мајер од Германија во три сета со (6-3, 6-4, 6-4). Надал играше полетно, а и противникот многу не го намачи. Мечот траеше два часа и четири минути, а публиката во Мелбурн целосно уживаше.
Белгиецот Даниел Гофин мораше да игра пет сета за да го елиминира Американецот Опелка (6-4, 4-6, 6-2, 4-6, 6-4), а Милош Раониќ експресно мина во второто коло со победата над Браун со 3-0 во сетови (6-4, 6-3, 6-2).
Победа во пет сета извојува и Александар Зверев против Робин Хасе, а Жил Симон славеше со 3-0 против Мох од САД. Александар Долгополов го испрати дома Борна Чориќ со победата во четири сета, а во второто коло има место и за Ришар Гаске, кој беше подобар од Австралиецот Мот во три сета.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во првото коло има незгоден протовиник бидејќи игра со Шпанецот Фернандо Вердаско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.