| четврток, 6 декември 2018 |

Невладините во Македонија вртат околу 50 милиони евра годишно

Во Македонија функционираат околу 4.600 невладини организации. Ова е бројка на оние кои фигурираат во Централниот регистар, а се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации од 2010 година, пишува Вест.

Практично, работата на граѓанскиот, а познат како невладини сектор е уредена со овој закон. Со Законот тогаш се наложи обврска за пререгистрација на сите постоечки здруженија и фондации, а оттогаш, според податоци од Централниот регистар, тоа го направиле околу 4.574 организации (податок од ЦРМ, 2013 година), вклучително и новорегистрираните. Сепак, Централниот регистар не ги брише оние кои не се пререгистрирале, па така во единствениот регистар во 2015 година фигурираат 14.245 организации. Во оваа бројка спаѓаат и сите спортски здруженија и федерации.

nvo metamorfozis organizacii fondacii

Од друга страна, според истиот закон, организациите имаат обврска секоја година да достават до Централниот регистар и Управата за јавни приходи завршна сметка, ако имале приходи поголеми од 2.500 евра, или изјава дека не оствариле приходи поголеми од 2.500 евра во годината. Таа обврска, според податоците на Централен регистар и УЈП во 2014 година ја испочитувале вкупно 3.938 организации, од кои 2.550 доставиле само изјава. Оттука може да се заклучи дека има околу 4 000 активни организации, а само помалку од 1 000 располагаат со буџет кој овозможува спроведување на некакви или позначајни активности, додава Вест.

Според податоците од Централниот регистар за 2014 година, а обезбедени од МЦМС за нивно истражување спроведено во 2015 година, вкупните приходи во целиот граѓански сектор изнесувале околу 81,5 милиони евра. Во истражувањата на Македонскиот центар за меѓународна соработка се наведува дека дел од овој износ, поради регрантирањето од фондациите кон другите здруженија, е сметан двапати, и оттука може да се зборува за реални приходи на секторот од околу 50 милиони евра годишно.

295742-sluchaj-ramadani-i-islamskiot-radikalizam-e-del-od-sdsm-i-soros

Согласно тие податоци, Фондацијата Отворено општество (ФООМ, позната и како Соросовата фондација) пријавила најголеми приходи, во износ од околу 4,8 милиони евра (односно околу 6% од вкупниот приход во целиот сектор), а меѓу првите се и следните три фондации: Фондација за образование и култура УСКУП, Фондација Центар на исламската цивилизација и Фондација Св. Цар Константин кои, патем, според податоци од надлежните институции, немаат вработени лица, а низ годините најчесто водечка е Фудбалската федерација на

Македонија, со годишен буџет од околу 5 милиони евра.
Најголем дел од приходите (речиси 70%) се остваруваат преку странски донации од официјалните развојни агенции на, главно, западноевропските држави и САД (УСАИД, Швајцарската агенција за развој и соработка итн.), како и самата ЕУ (ИПА фондовите). Но организациите имаат и сопствени приходи, а дел од приходите се и од државното, односно буџетско финансирање на национално ниво, кое изнесува меѓу 4 и 5,5 милиони евра годишно. Како такво, ова во Македонија е меѓу најмалите во регионот со околу 3 евра по жител, а на пример, во Босна и Херцеговина е 13 евра, Србија е 10 евра, во Црна Гора е 7 евра, а многу повеќе во Хрватска со 46 и во Словенија со 141 евро по жител. Државните средства најчесто се наменети за организациите на лица со инвалидитет, Црвениот крст, за синдикатите и слични, пишува Вест.

Во граѓанскиот сектор, пак, се вработени нешто под 2 000 лица (на крајот од 2015 година), што е само околу 0,28% од вкупниот број вработени во Македонија.

ЛИСТА НА НВО СО НАЈГОЛЕМИ БУЏЕТИ (НАПРАВЕНИ ПРИХОДИ ИЛИ БУЏЕТ ОД ОКОЛУ 5 милиони евра НА ГОДИШНО НИВО)

1. Фондацијата Отворено општество
2. Фондација за образование и култура УСКУП
3. Фондација центар на исламската цивилизација
4. Фондација Св. Цар Константин
5. Фудбалската федерација на Македонија

Орбан: Цела Европа ќе расчисти со Сорос

orban_soros

“2017 година ќе биде година за расчистување со Сорос и со сè што него го симболизира. Тој ќе биде исфрлен од сите држави, што се гледа и од активностите во цела Европа. Се истражува од каде доаѓаат парите, кои разузнавачки служби се поврзани со него, кои невладини организации ги претставуваат неговите интереси”.
Оваа изјава на унгарскиот премиер Виктор Орбан, дадена во интервјуа за неколку унгарски медиуми, беше објавена неодамна како поткрепа на ставот на неговиот партиски потпретседател Немет.
“Унгарија мора да ги затвори сите невладини организации финансирани од милијардерот Сорос”, се согласија Орбан и Немет.

Сорос со тактика “Нема правда, нема мир” протестира и против Трамп

nema pravda nema mir soros

Извикувајќи “Нема правда, нема мир”, со марш во Вашингтон, американски активисти за човекови права протестираа пред инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД, пишува српски “Блиц”.
Во Америка се спроведува иста шема како и во Македонија, протест под параван на невладини и граѓански организации, кои навидум се залагаат за некакви права. Единствена цел им е политиката и одработување за левицата, а против десницата која како и во Македонија така и во САД, спроведува национални исправни политики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top