Српскиот плејмејкер на ЦСКА Москва, Милош Теодосиќ е најдобар европски кошаркар за изминатата година. Тој доби најмногу гласови на традиционалната анкета, спроведена од реномираниот „Газета дело Спорт“.
Наградата се доделува по гласањето на тренери, играчи и новинари од 33 земји, а Србинот ја освои наградата, благодарение на титулата во Евролигата и сребрениот медал на Олимписките игри во Рио со репрезентацијата на Србија.
Арвидас Сабонис и Дирк Новицки се рекордери со по шест награди, а последниот српски кошаркар со ова признание е Пеџа Стојаковиќ во 2001 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.