Софија Ражнатовиќ(38), вонбрачната ќерка на Жељко Ражнатовиќ, вчера предизвика големо внимание во јавноста со своето присуство на поменот на покојниот татко.
Аркан, Софија ја добил со Белгијка, но за ќерката дознал дури по 15 години, а таа вчера не можеше да ги сокрие емоциите на средбата со семејството и пријателите на Аркан.
-Дојдов да оддадам почит на својот татко, кого многу го сакав. Иако веќе 17 години не е меѓу нас, тој уште живее во мене. Секој ден помислувам на него и за мене ова е најтешкиот ден во животот. Живеам далеку и долго не доаѓав во Србија, но драго ми што денеска сум овде. Полно ми е срцето кога ги гледам неговите пријатели и најблиските кои ги сакаше – рекла Софија за српски „Курир“ и раскажала по што ќе го памети татко ѝ.
– За мене беше најдобар човек на светот. Беше внимателен со децата, посебно кон мене. Секој би поскал да има таков татко. Се сеќавам дека знаеше да ме искара ако доцна си дојдам дома. Знам дека беше познат, ценет и популарен, но кон децата беше чувствителен. Од секогаш сакаше да бидеме една големо и сложно семејство. Живееше за нас. Инсистираше да се почитуваме и помагаме едни на други – рекла Софија.
Таа има само зборови пофалба за Цеца.
-Цеца могу ја ценам и почитувам, таа за мене е силна жена. Со оглед на тоа дека не живеам овде, не знам дали нешто лошо се зборува, но јас нема проблеми со неа и никогаш не сум имала. Се сложувам со целото семејство Ражнатовиќ и сите ги сакам – рекла искрено Софија.
Од друга страна, со браќата по татко, Воин, Никола и Михајло вели деке не е во постојан контакт.
-Не можам да кажам дека сме постојано во контакт, бидејќи секој го живее својот живот. Единствено со Цеца постојано се слушам и сакам да ги слушам нејзините песни. Мене ми е важно само да сме живи, здрави и среќни – заклучила Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.