Група Албанци од Македонија, кои себеси се квалификуваат по етничка основа, а притоа се наркуваат и интелектуалци, упатија апсурден апел што би требало да го имаат предвид политичките партии во текот на преговорите за формирање влада.
Во шест точки тие ги пресликуваат ставовите и стравовите на СДСМ, притоа не спомнувајќи ја големоалбанската платформа составена во Тирана со амин од албанскиот премиер Еди Рама, со што се вклучија директно во изборниот пазар на Зоран Заев и неговата идеја за кантонизација и двојазичност.
Па така овие т.н. интелектуалци оркестрирани од СДСМ до збор ја пренесуваат апсурдната теза што произлезе во постизборниот период, дека „поголемиот дел од гласачите се определиле за промени“. Тие тврдат дека ако некоја партија не освои апсолутно мнозинство на избори не смее да формира влада со „обична победа“.
Таканаречените албански интелектуалци не се интелектуалци ако се идентификуваат со своето етничко потекло, ќе забележи професорката Ванковска.
Таканаречените албански интелектуалци не ја коментираат платформата која ја подготви Еди Рама, а ја потпишаа ДУИ, БЕСА и Алијанса за Албанците, со што си го уриваат и малиот кредибилитет кој би го имале со праќањето на ваков трагикомичен апел. Овие т.н. интелектуалци, исто како и Зоран Заев и соросовите мегафони, не може да се помират со победата на ВМРО-ДПМНЕ.
За само нивните проблеми коментира и професорот Љубомир Цуцуловски, кој зборувајќи за наводната албанофобија која има корени во поствоената историја со која Албанците ја кријат својата македонофобија, тргнува од времето на поранешна Југославија во која ја анализира состојбата на Албанците. Тој пишува дела Албанците и во тоа време се жалеле дека никој не ги сака, па за да им се докаже спротивното, на Косово му била дадена автономија, им било овозможено образование на албански јазик на сите нивоа, била формирана Академија на науки и уметности на Косово, дозволено било веење албански знамиња.
Цуцуловски потоа анализира дека во Македонија по осамостојвуањето состојбата е иста како и дотогаш во СФРЈ, ако не и поповолна за Албанците:
„Беше дозволено образование на албански јазик; негување на албанскиот фолклор и обичаи; продавање (без законска дозвола) на секакви симболи увезени од Албанија или Косово; пеење на националистички и великоалбански песни; барем двапати дојде до амнестија на припадниците на албанските илегални паравоени формации – првпат на паравојската, кога Љубомир Данаилов Фрчкоски беше министер за внатрешни работи, потоа на „борците“ на ОНА од 2001 година. Во исто време, беше дозволено истакнувањето на државните симболи на Р. Албанија, како што се знамето и грбот. Беше дозволено формирање на етнички партии, сеедно што во 1991 г. не гласаа за Уставот на РМ, а во јануари 1992 организираа паралелен референдум за Илирида, со право да се отцепи од матичната држава, Република Македонија. Понатаму, во овој миг постојат најмалку два државни универзитети (на кои се предава на албански јазик), финасирани од државата. Покрај нив е „Штулов универзитет“, како вечен споменик на г-нот Макс ван дер Штул. Во оваа насока, можат да се набројуваат уште многу нешта. Но, и овие се доволни.“
Наместо во еден момент да се задоволат од добиеното Цуцуловски укажува дека нивните барања се радикализираат:
„Сепак, барањата на радикалите од албанските етнички партии не сопираат. Сега, на пример, на господата не им е доволно што употребата на албанското знаме е легализирана, туку сакаат да ги креираат македонското знаме и македонската химна. Сакаат, исто така, да одлучуваат дали Македонците ќе се викале Македонци и дали Република Македонија ќе била Република Македонија, бидејќи и тие биле дел од истава држава, па не им било сеедно за претходните прашања. Во спротивно, не ќе се чувствувале како да се дома. Меѓутоа, на што би личело ако Македонците почнат да одлучуваат дали Албанците ќе се именуваат како Албанци или како треба да изгледа нивното знаме, бидејќи и Македонците живеат во истава држава, па не им е седно како Албанците ќе се именуваат и како ќе изгледа нивното знамето, бидејќи, во спротивно, и тие, Македонците, не би се чувствувале како да се дома. Таквите барања би биле израз на краен простотилук и со оваа оценка, без било каква резерва, целосно се согласувам, исто онака како што претходните барања на албанските етнички партии ги сметам за простотилак и нецивилизираност, еднаква на елементарна несоцијализираност. Не може цело време македонофобијата да се затскрива и да се објаснува со наводната албанофобија. Тоа мора албанските радикали, како и некои нивни македонски подржувачи, да го разберат. Што побргу, тоа подобро. Ако не го разберат, тогаш вината е нивна и само нивна.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст