Реал Мадрид многу наивно забележа пораз на гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“ и стави крај на серијата на непоразеност од 40 последователни натпревари.
Предводникот на „кралевите“, Зинедин Зидан не жали за поразот и најави мотивирани фудбалери на следните неколку натпревари.
– Мотивирани сме да продолжиме понатаму. Ќе биде тешко да се задржи ваква форма до крајот на сезоната. Штета што примивме два гола во последните пет минути, но мораме да го прифатиме тоа. Ми се допадна начинот на кој што игравме и карактерот кој некои играчи го покажаа. Вистина е дека се работеше за загубени топки и грешки, но јас сум горд на овие 40 натпревари без пораз. Не се работеше за пад на концентрација, туку такви работи во фудбалот се случуваат. Сега ни преостанува да се одмориме и да мислиме на следниот натпревар. Ќе ги анализираме работите и ќе се обидеме истите да ги подобриме – рече Французинот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Проколната телевизиска серија: Во три месеци починаа два актери
-
Лошата Фикрие од „Нашата Дениз“ во приватноста е многу згодна!
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)