| четврток, 6 декември 2018 |

Тевез: Се чувствувам старо, затоа одлучив да дојдам во Кина

Tevez-kina

Аргентинецот Карлос Тевез неодамна стана играч на кинеската екипа Шангај Шенхуа која го направи најплатен фудбалер во светот, а сега ги открива „вистинските“ причини кои го натерале да се пресели во Кина.

– Не можам да го носам дресот на Бока доколку не сум најдобро физички подготвен. Заклучив дека не сум во својот играчки максимум па решив да преминам во Кина. Се чувствувам доста старо, но Бока е единствениот клуб кој вистински го сакам, и мислам дека повторно ќе се вратам, открива Тевез.

Аргентинецот одбил богата понуда и од Вест Хем, каде во минатото беше донесен од Алан Пардју, но сепак, Кина излезе неговиот најдобар избор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top