| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една обложувалница, мета на крадците

кразба

Ограбена е спортската обложувалница „Спорт лајф“ на ул . „Ѓорѓи Поп Христов“ во Скопје од две засега непознати маскирани лица кои со закана со пиштол од вработените го зеле дневниот промет, информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.

Кражбата синоќа околу 20:30 часот во ЕИК­Скопје ја пријавил вработен во обложувалницата. Според пријавата, маскираните крадци го скршиле шалтерското стакло и со закана со пиштол им наредиле на вработените дневниот промет да го стават во кеса, по што избегале. Одзеле засега неутврдена сума пари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top