Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во Каиро имаше средба со претседателот на Арапската Република Египет, Абдел Фатах Ал–Сиси на која било констатирано дека односите меѓу две земји се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и почитување.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на Иванов, биле разменети информации за изворот на закани од регионалните конфликти на Блискиот Исток и Северна Африка и последиците со кои се соочуваат државите во непосредното опкружување.
– Двајцата претседатели разговараа за воспоставената соработка меѓу разузнавањето и безбедносните служби на двете држави со потреба од градење на заеднички капацитети за одговор во борбата против тероризмот, намалување на ризиците од илегалната миграција, електронското војување и сајбер одбраната. Во тој контекст, претседателите се согласија и за отпочнување на меѓуармиска соработка за размена на искуства и трансфер на знаење во меѓународни мировни мисии, користење на логистички капацитети и едукација на кадар за примена на напредни технологии, стои во соопштението.
Иванов изразил благодарност до египетскиот претседател за поддршката и помошта којашто Македонија ја добива од Египет во областа на разузнавањето, истакнувајќи дека Египет како земја лидер и гарант на стабилноста во регионот на Северна Африка е важен пријател и партнер на Македонија, и дека тоа пријателство и партнерство ќе продолжи и во иднина.
Двајцата претседатели разговарале и за унапредување на правната рамка на двете држави, економско – трговската размена, и соработката во областа на културата и на туризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани