Селекциите на Хрватска и на Данска ги забележаа вторите победи во своите групи од Светското првенство во Франција.
Олимписките шампиони беа надмоќни против Египет и славеа со 35-28, а предноста ја остварија уште во првиот дел кога обезбедија водство од 21-15. Сван со шест гола и Мортенсен со пет погодоци беа најефикасни во таборот на Данска.
Хрватска ја победи Унгарија со 31-28 и ја забележа и втората победа и тоа повторно тесно. По неубедливата победа над Саудиска Арабија од само пет гола разлика, Избраниците на селектор Бабиќ повторно се мачеа на стартот и на овој натпревар, но успеаја да израмнат до полувремето (11-11), а потоа и да ја преземат иницијативата во вториот дел и да ги завртат мечот во своја полза. Штрлек со шест гола, и Мамиќ и Дувњак со по пет гола беа предводници меѓу „каубоите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.