| четврток, 6 декември 2018 |

Голема акција на МВР за разбивање на кумановското подземје

Министерството за внатрешни работи вечерва спроведува голема акција за разбивање на кумановското подземје. Според информациите на Република, операцијата е насочена кон разбивање на таканаречената кумановска група која важи за најголема и најорганизирана група во државата.

Неофицијално, уапсени се осум луѓе, а во тек се претреси на сомнителни локации. Групата била следена подолго време и биле користени посебни истражни мерки.

Групата се сомничи дека украла поголема сума пари од банкарски сметки на десетици македонски државјани, но и од странци преку лажни кредитни картички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top