| четврток, 6 декември 2018 |

Дани Карвахал го забетонира престојот во Реал Мадрид

dani karvahal

Десниот бек на Реал Мадрид Даниел Карвахал ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид. Тренерот Зинедин Зидан е задоволен од него и сериозно смета на него во иднина за настапи во „кралскиот клуб“.

Карвахал оваа сезона настапи на 12 од вкупно 16 натпревари за Реал во Примера дивизија и без разлика што договорот го врзува до 2020 година, потпише нов до 2023 година со откупна клаузула од преку 70 милиони евра.

Тој беше изложен на критики во мадридските кулоари заради средниот прст при израмнувачкиот гол на Рамос во „Ел Класико“, но сепак клубот му верува и го планира на подолг период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top