| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан скопјанец избегал од возилото на Брза помош, полицијата брзо го стигнала

Вистинска траги-комедија се случувала ноќеска во Влае, каде околу 01.15 часот во угостителскиот објект „Александрија“, по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир, на местото на настанот излегле тројца полициски службеници од полициската станица ОН-Карпош.

Полицајците прво биле омаловажувани со погрдни зборови од страна на М.П.(44). Тој бил приведен во полициска станица, каде одбивал да биде алкотестиран за да се утврди алкохолизираност во крвта.

Поради тоа бил пренесен на Клиниката за токсикологија, со цел да му се утврди психофизичката состојба. Кога возилото на итната медицинска помош застанало на семафор на ул.„Метрополит Теодосиј Гологанов“, М.П. во еден момент со лактот удрил полициски службеник во пределот на стомакот, ја отворил вратата од возилото и се дал во бегство, но за кратко време бил фатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top